
Петок во предвечерјето на ASOBAL Купот, ќе бидат избрани најдобрите ракометари на секоја позиција во минатиот шампионат на Шпанија. Исто така ќе биде прогласен и најдобриот ракометар за минатата сезона.
Барселона има 6 кандидатури на различни позиции: Шариќ кандидира за најдобар голман, Нодесбо за најдобар кружен напаѓач, Карабатиќ за најдобар лев бек, Томас за најдобро десно крило, Лазаров за најдобар десен бек и Виран Морос за најдобар дефанзивец.
Во минатата сезона Барселона стана првак на Шпанија со максимални 60 бода, го освои Купот на Кралот и ASOBAL Купот и ASOBAL Суперкупот.