
Наредниот викенд во Леон со натпреварите од ASOBAL Купот официјално завршува есенскиот дел од сезоната во шпанскиот ракомет. Адемар Леон и арената „Мунисипал де депортес де Леон„ ќе бидат домаќините на ова натпреварување во кое играат четири екипи кои се на врвот по есенскиот дел од ASOBAL лигата. Денес беа извлечени двојките за полуфиналето од натпреварување кое ќе се одигра на 20 и 22 декември 2014 година.
Полуфинале: 20 декември
18:00 - Адемар Леон - Грањолерс
20:00 - Барселона - Натурхаус Ла Роха
Финале:
21 декември - 17:00 часот
Ова е 25 издание на ASOBAL Купот, а титулата од минатата година ја брани Барселона, која и овој пат е најсериозен кандидат да го подигне престижниот пехар кој се доделува од 1990/91 година.