hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Грањолерс плати за поразот на Барса во Плок

1417901873 extras noticia foton 7 1

Барселона - Грањолерс 43:28 (23:10)

По првиот пораз во сезоната, ракометарите на Барселона веднаш им се вратија на победите и го добија каталонското дерби со Грањолерс. Против екипата која ја совлада во финалето на каталонскиот Суперкуп и ASOBAL Суперкупот, Лазаров и соиграчите покажаа реакција по лошиот меч во Полска. Карабатиќ по неполна минути го постигна првиот гол на средбата. Следуваа 3 врзани одбрани на Гонзало и гол на Сармиенто од контра за 2:0.

Гостите делуваа збунето и од почетокот можеше да се почувствува колку сериозно првакот влегол во мечот. Карабатиќ и Томас реализираа за 4:1 во 5 минута. Трехо со гол од линијата од шест метри погоди за 4:2, а веднаш истоветно возврати Сорондо за +3 за домаќинот. Еуфорија ги зафати момците на Пасквал, па Карабатиќ и Томас со нови два гола го вклучија алармот кај Грањолерс (7:2). Хуан Дел Арко со гол по убава комбинација намали на 7:3 по една третина во првиот дел. Но полека се разиграа скоро сите ракометари на Барселона и Гудјон Валур Сигурдсон погоди за 8:3 од својот прв обид. Мрежата на Пејановиќ незапирливо се тресеше, а и Рутенка се приклучи кон фестивалот на голови (11:4).

Кога Гурбиндо погоди во 19 минута, предноста порасна до 15:6 и извесно беше кој го добива каталонското дерби. Првата двоцифрена предност ја донесе Раул Ентрериос со гол за 18:8 во 25 минута. Неверојатниот Гонзало ја потврди неговата беспрекорна есен и до одморот Барса се надмина себе си до 23:10. Тунижанецот Жалуз постигна два гола на крајот од првиот дел за недостижно водство. Пол Састре застана на голот на гостите на местото на Пејановиќ, но инерцијата на мечот веќе наговестуваше катастрофа на Грањолерс. Феран Соле Сала со два гола на почетокот од продолжението ги осоколи ракометарите на Грањолерс.

Но и Лазаров се приклучи меѓу стрелците и погоди од дистанца за 24:13 во 36 минута. Белорусинот Рутенка како на крајот од годината да влезе во вистински ритам и со шестиот гол без промашување во 41 минута, погоди за 29:18. Јоан Саубич се придодаде како втор кружен напаѓач и на половина од вториот дел веќе беше 31:19. Бланшарт Морено го прекина ритамот на првакот, па пак Барса одпочна со свој позитивен момент. На сличен начин како десет минути порано, во 51 минута екстра брзиот Саубич полета и лансиран од Лазаров погоди за 36:23. Мотивираниот Гонзало против својата бивша екипа собра 20 интервенции за скоро 50 минути и покажа дека ја игра најдобрата сезона во кариерата. Ајтор Арињо со два гола од контранапади лансирани од Гонзало и Рутенка ја мина 40 ката и во меч со моќен противник како Грањолерс.

Алваро Руиз Санчез ефектно погоди за 41:27 во 56 минута. До крајот Сорондо и Рутенка ја потврдија симултанката на Барселона за финални 43:28 и демонстрација на разликата во класи меѓу Барселона и сите други ASOBAL лигаши. Во победничката екипа блескаа две имиња: голманот Гонзало со 24 интервенции и Серхеј Рутенка со 10 гола од исто толку обиди. Арињо погоди дури 6 пати, Карабатиќ беше стрелец на 5 гола, а Лазаров постигна 1 гол. Кај Грањолерс Феран Соле Сала постигна 6 гола, Дел Арко Перез и Санчез погодија по 4 пати. Продолжува битката со рекордите во домашниот шампионат за каталонската гордост и веќе за викендот уште еден дуел со историска екипа, гостувањето во северна Шпанија кај Адемар Леон.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share