hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров најдобар десен бек на светот и во идеалниот тим за 2014 година

najdobri-7-handball-planet

Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот за 2014 година во изборот на „Handball-planet". Во изборот на фановите и новинарите, македонскиот репрезентативец беше избран за најдобар во својата позиција. Тој освои 57 гласови, многу повеќе од Марко Вујин и Ласло Наџи. Лазаров се најде и на четвртото место на листата на најдобри светски ракометари, освојувајќи 57 гласа, зад Никола Карабатиќ со 88, Микел Хансен со 59 и Никлас Ландин со 58 гласови.

Карабатиќ ја доби наградата за најдобар светски ракометар во 2014 година, наследувајќи го Домагој Дувњак. Покрај Лазаров и Карабатиќ, во идеалниот тим за 2014 година се најдоа и Ландин од Рајн- Ловен Некар, Сигурдсон од Барселона (претходно од Кил), Хансен и Абало од ПСЖ, Карлсон од Фленсбург и Агинагалде од Киелце.

Share