
Со одличната серија на натпревари и двоцифрен биланс на голови, Кирил Лазаров полека прескокна неколку места и изби на првото место на листата на стрелците. Тој има 57 гола на 7 натпревари и има предност од 4 гола пред Момир Илиќ од Веспрем. За да остане на врвот по есенскиот дел на Лигата на шампионите, капитенот на македонската репрезентација треба добрата форма да ја потврди наредниот викенд во Полска против Висла Плок.
1. Кирил Лазаров (Барселона) 57
2. Момир Илиќ (Веспрем) 53
3. Драган Гајиќ (Монпеље) 49
4. Золт Балог (Пик Сегедин) 46
5. Тимур Дибиров (Вардар) 46