Златниот ноември на Кирил Лазаров

Во три натпревари во ноември само во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров постигна неверојатен 31 гол на мечевите со Фленсбург (во Германија и Шпанија) и Алингсас. Тоа ја покажува неговата одлична форма и покрај болките на левата тетива, заради која беше дозиран во мечевите од ASOBAL лигата. Клубскиот блесок се надоврзуваа и 23 гола за нашата репрезентација на крајот на октомври и почетокот на ноември во двата меча со Швајцарија и Чешка во квалификациите за ЕП во Полска 2016 година.
Клучни беа головите на Лазаров пред се во Злин, каде Македонија се врати од -7 и извлече реми со чесите. Штета што овој месец мора да заврши, но уште в недела во Полска се надеваме дека ќе продолжи серијата на Лазаров. Уште позначајно за нашата репрезентација е овој момент на форма нашиот национален капитен да го има и во јануари, кога во во Катар го играме светското првенство и можноста да се пласираме на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.




