hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Барса пак раситни 40 гола и дојде до победа од рутина

lazarov juan

Барселона - Хуанферса 40:25 (20:8)

Со многу рутина и со половина од силите, Барселона прокнижи нови три бода во борбата со рекордите во шпанската ASOBAL лига. Против Хуанферса од Хихон, каталонците постигнаа скоро двојно повеќе голови од противникот и се наоѓаат на само шест победи од апсолутниот рекорд во шпанскиот ракомет по бројот на последователни победи. Лазаров беше дозиран од страна на тренерот Пасквал, па и како цел ноемврви игра на најважните мечеви заради проблемите со тетивата од левата нога. Арменгол и Лапеља по 2 минути игра ги доведоа гостите во прво водство (0:2).

Раул Ентрериос во 6 минута со ефектен гол од дистанца за прв пат ја доведе Барселона во водство со 6:5. Од тој момент домаќините не ја испуштија предноста и по неколку одбрани на Шариќ, во 11 минута Сорондо го одлепи шампионот до 7:3. Но ниту замените, ниту тајм-аутот не ги сопре нападите на домаќините. Лазаров од седмерец, Сорондо и Гурбиндо преку контри ја наполнија мрежата на Пејчиновиќ до 11:3. Преголем беше бројот на лесни голови, па веќе во 20 минута од контранапад, Саубич го постигна 7 гол од транзиција на домаќинот за прво двоцифрено водство (15:5). До крајот на првиот дел скоро сите ракометари на Барселона постигнаа голови и Виран Морос и Рутенка ги донесоа најубедливите 20:8 на полувреме.

Промената на голот на Хуанферса не донесе ништо добро по гостите и Менендез за скоро едно полувреме одбрани само 2 топки. И вториот дел започна со голови на Рутенка и пак преку кружниот напаѓач лесно погодуваа домаќините, само што сега место Сорондо, стрелец беше Нодесбо. Лазаров погоди и од игра во 37 минута, а Сигурдсон од нова брза акција која почна од Шариќ, во 38 минута донесе огромни 26:12 за Барселона. За Хуанферса само Рио Иглесијаз со некој изолиран обид намалуваше, но инерцијата на мечот навестуваше катастрофа за екипата од Хихон. Сармиенто на половина од вториот дел се запиша меѓу стрелците за 32:16 и егзибиција на присутните во „Палау Блауграна„ И Жалуз се приклучи кон забавата за 35 гол на домашната екипа. Варгас Морено и Рио Иглесијаз успеаа да намалат на -15, а до крајот Рутенка погоди за финални 40:25. Во победничката екипа 8 гола без промашување постигна Рутенка, 6 реализираше Сигурдсон, а 5 додаде Сорондо. Кирил Лазаров беше автор на 2 гола. Кај Хуанферса најефикасни беа Рио Иглесијаз со 6 и Фернандез Клементе со 5 гола. Уште една добро завршена работа за екипата на Пасквал и дозирање на силите пред последните мечеви во Лигата на шампионите оваа година.

Комплетниот извештај можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share