
Со прво место во ASOBAL лигата и Лигата на шампионите и тоа без пораз, со освоен IHF Суперглоб, ASOBAL Суперкупот и каталонскиот Суперкуп, Барселона се наоѓа пред перфектна прва полусезона која ќе заврши во претпоследниот викенд во декември со Купот во Леон.

Звездите на Пасквал, меѓу кои и Кирил Лазаров, како и преставниците на останатите спортски секции на Барса, веќе ги започнаа божиќните прославување со снимањето на рекламен спот со кој големиот клуб од Каталониај на своите фанови им ги честите божиќните и новогодишните празници.

Така при снимањето се дружеа фудбалерите, ракометарите, кошаркарите, хокеарите и футсалпрофесионалците, а дефинитивното видео ќе биде промовирано неколку дена пред Божик.

