Лазаров: „Германските екипи секогаш ме мотивираат„

Во пресрет на вториот натпревар помеѓу Барселона и Фленсбург, македонскиот интернационалец Кирил Лазаров ја откри својата посебна инспирација, кога игра со екипите од Бундеслигата. За каталонскиот „Мундо Депортиво„ Лазаров говореше и за амбиентот во „Палау Блауграна
„: „Германските екипи секогаш ме мотивираат. Сите зборуваат за клубовите од Бундеслигата, но јас сепак би ја истакнал шпанската школа. Шпанија е светски првак, клубови како Сиудад Реал или Барселона ја освојувале Лигата на шампионите. Јас сакам да покажам дека шпанскиот ракомет заслужува малку повеќе респект. Среќен сум во Барса и задоволен како играм во овој момент. Нашиот систем на игра ми дава многу можности да погодувам. „Палау Блауграна„ ќе се наполни и ова е можност да ги убедиме нашите навивачи да доаѓаат на нашите мечеви без разлика на името на противникот„ рече Лазаров, кој не настапи на мечот со Вила де Аранда во средата, како не би ја искомпликувал повредата на тетивата која го мачи во последно време.




