Лазаров поштеден, Гонзало и Рутенка носат нова победа
Вила де Аранда - Барселона 27:32 (10:15)
Барселона ја продолжи серијата на победи, иако наиде на мотивиран противник и иако настапи без во овој момент својот најдобар и ракометар во најдобра форма, Кирил Лазаров. Македонскиот интернационалец чувствува болка во тетивата и не ризикува, па втор пат во ASOBAL лигата е надвор од стројот. Гурбиндо и Рутенка го отворија резултатот во полза на каталонците (0:2). Во петтата минута по головите од брзи контри на Сорондо и Арињо, гостите најавија дека работите ќе се одвиваат како што треба.
Голманот Гонзало бранеше се подобро и продолжи онаму каде што застана во Фленсбург. Кога Сарминето погоди од првиот свој обид во 11 минута, Барса веќе имаше 4:8 во 12 минута. Се одеше по планот и на половина полувреме веќе фаворитот имаше високи +7, кога Рутенка со третиот гол зголеми на 5:12. Гарсија Петруса и Родригез со два неодговорени гола се обидоа да возвратат, но реакцијата дојде од Гонзало и неговите одбрани. На белорусинот Рутенка му се приклучи и Сорондо и до одморот од најчестите 7,8 разлика, Барса во последните 2-3 минути „подзаспа„ и Патрианова и Лазиќ спуштија до 10:15.
Стартот на вториот дел донесе ново доближување на Вила де Аранда, откако со уште два гола на Патрианова, домаќините намалија на 13:16. Свежите сили на шампионот во второто полувреме беа Томас и Карабатиќ. Двајцата лесно го најдоа патот до мрежата на Херера и Барса побегна на 14:20. Кога французинот реализира седмерец во 44 минута, гостите ја вратија комотната дистанца од 7 гола (15:22). Мечот веќе беше одлучен и предноста на момците на Пасквал растеше. Рутенка со гол од линијата од шест метри во 50 минута, ја донесе највисоката предност од 9 гола (18:27). Дури во последните 7 минути кога се беше извесно, екипата на Вила де Аранда го направи поразот поподнослив. Следуваа голови на Де ла Кал и на Гарсија Пертуса до финални 27:32.
Вила де Аранда ја сведе изменетата Барса на 32 гола и загуби со подносливи 5 гола разлика. Гонзало имаше 17 интервенции, Рутенка постигна 7, Жалуз и Сорондо погодија по 5 пати, а Сармиенто беше автор на 4 гола. Кај солидната екипа на Вила де Аранда, голманот Сантана Херера имаше 11 одбрани, Гарсија Пертуса постигна 6 гола, а Родригез и Патрианова погодија по 4 пати. Ова е 42 последователна победа во домашниот шампионат на Барселона и сега ги брка 49 врзани победи на генерацијата на Барселона меѓу 1980 и 1982 година. Остварена е целта во ASOBAL лигата, каде Барселона е блиску до есенската титула, а овој викенд нов дуел со Фленсбург, овој пат во „Палау Блауграна„
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




