hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

На крилата на Лазаров, Барса му се реваншираше на Фленсбург

kireflen

Фленсбург - Барселона 33:37 (16:16)

Во реприза на ланското полуфинале на Final four во Келн, Барселона во северна Германија му гостуваше на европскиот првак Фленсбург. Овој пат каталонците предводени од повторно блескавиот Кирил Лазаров им се реваншираа на германците и го трасираа патот кон првото место во групата на Лигата на шампионите. Македонскиот интернационалец беше клучен во таборот на Хавиер Пасквал и со 7 гола во првото полувреме ја предводеше својата екипа до постојано водство, кое на крајот донесе победа.

Шариќ на голот добро го отвори и мечот и заедно со Лазаров му донесоа 4:7 на гостите во 7 минута. Но брзата транзиција на момците на Врањеш во 13 минута со два гола на данецот Егерт им донесе намалување на 7:8. Кога Свен Хансен во наредниот напад иразмни тоа беше најава дека ќе се игра гол за гол се до одморот. Така и беше. Погодуваше Лазаров, возвраќаше Гландорф. Со 16:16 се отиде на полувреме и двете екипи гаеа илузии за полн погодок во продолжението. На почетокот на второто полувреме, каталонците наредија три технички грешки, кои Гландорф ги казнуваше. Но со мини-серијата предводена од Виктор Томас, Барса го врати водството (19:21). Мечот како да беше приватен дуел на Гландорф и Лазаров, па двата леваци уште во 42 минута стигнаа до 10 гола, а резултатот гласеше 24:25. Шариќ повторно се истакна на голот, а Даниел Сармиенто во 49 минута веќе предноста ја направи осетлива (25:29). Но германците никако не се предаваа.

kiroisaricflenzburg

Ниту Шариќ кој поврза четири одбрани во серија не беше несовладлив, па во 52 минута Кауфман погоди за 30:32. Но многуте ресурси на Барселона дојдоа до израз и Нодесбо во 55 минута погоди од позицијата на кружен напаѓач за 31:35. Потврдата на победата стигна во 58 минута, кога Шариќ по кој знае кој пат одбрани, а Сармиенто погоди од контранапад за 32:36. На крајот финални 33:37 со добра дефанзива на Арињо врз Гландорф во последните минути од мечот. Гландорф со 11 гола беше најсветла точка кај Фленсбург, а одбраните на Шариќ и 10 гола на Лазаров, на Барса му донесоа витална победа и израмнување со Колдинг на врвот на табелата. Веројатно меѓусебниот дуел во „Палау Блауграна„ ќе го реши победникот на првата фаза и екипата која од најдоброто место во групата ќе го дочека пролетниот дел од елиминационите натпревар.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share