Лазаров одмараше, Барса лесно до 10 од 10
Барселона - Сегурос Замора 38:25 (20:11)
Помеѓу домашното дерби со Натурхаус Ла Роха и гостувањето во Фленсбург, ракометарите на Барселона мораа да го одработат домашниот дуел со Сегурос Замора во „Палау Блауграна„ Заради болки во тетивата Кирил Лазаров не настапи и беше поштеден за гостувањето во северна Германија. Сепак меѓу двата меча за нашата репрезентација, Куп мечот во Валенсија и гостувањата во Бенидорм и Логроњо, нашиот интернационалец одигра неколку меча за краток период и секогаш беше лидер и на својот тим и на националната репрезентација. Муњоз и Гарсија Карбаљо добро го отворија мечот и по првите 5 минути резултатот гласеше 3:3.
Се до 10 минута кога капитенот Виктор Томас израмни на 5:5, на семафорот беше израмнето. Потоа каталонската машина се разигра и поврза неколку гола. Тунижанецот Жалуз и данецот Нодесбо погодија во серија и наскоро првакот дојде до 10:6. Од тој момент и Шариќ на голот одбрани неколку топки во серија и Гурбиндо од контранапад ги принуди гостите на тајм-аут во 21 минута при 13:7. Целиот тим на Барса полека се разигра и бројот на лесни голови се зголемуваше. Аитор Арињо погоди за 16:9 во 25 минута. До одморот предноста стана и двоцифрена, кога на влезот во последната минута, Раул Ентрериос реализираше нов контранапад за 20:10. Првиот дел заврши со голот на де Ла Кал на 15 секунди пред крајот за +9 за Барса на полувреме.
Вториот дел започна со голови на Муњоз и Мингуз за намалување на резултат на 20:14. Веднаш домаќинот возврати со голови на Сорондо, Гурбиндо и Рутенка за 23:14. Таквата игра во бранови им понуди можност на ракометарите на Сегурос Замора да влезат во позитивен момент и Домингез и Морено погодија за 24:16 во 37 минута. Дојдоа и првите голови од крилна позиција на Сигурдсон, пред Гарсија Карбаљо со два гола да намали на 26:17. Во 44 минута исландскиот интернационалец Гудјон Валур Сигурдсон го постигна 30 гол за екипата на Хавиер Пасквал и до крајот на натпреварот прашање беше само со која разлика ќе слават домаќините. Одбраните попуштија и бројот на головите се зголемуваше. Нодесбо погоди за +12, па Домингез ја спушти дистанцата под 10 гола.
Миранда Бланко на голот на Сегурос Замора одбрани само 2 топки во првиот дел, а Посадо Домингез не беше ништо подобар и за 20 минути во вториот дел, имаше две интервенции. Одличниот меч, Жалуз го искористи уште повеќе да се наметне и својот шести гол го реализира за 36:23 во 55 минута. До крајот на мечот формалност и конечни за десетта победа на исто толку мечеви во ASOBAL лигата за лидерот. Во победничката екипа се истакнаа по 6 гола постигнаа Гурбиндо и Жалуз, 5 додаде Рутенка, а по 7 интервенции собраа Гонзало и Шариќ. Кај Сегурос Замора, Салинас Муњоз со 6 гола iМигуел Камо де ла Кал и Рејес Фигероа со по 5 погодоци беа светлите точки.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:




