hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ASOBAL купот оваа година во Леон

ademar

Завршницата на ASOBAL купот, на кој учествуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел од шампионатот оваа година ќе се одржи во Леон. Еден од најракометните центри во Шпанија ќе организира спектакл на 20 и 21 декември, кога 24 издание на ASOBAL купот ќе биде завршна ракометна манифестација во 2014 година.

Адемар Леон и есенскиот првак во шампионатот ќе бидат носители во ждрепката за полуфиналето. Титулата од минатата година ја брани Барселона, која најчесто триумфирала во ова натпреварување. На завршниот турнир ќе му претходни и гала свеченоста на ASOBAL на која ќе бидат прогласени најдобрите од клубската сезона во шпанскиот ракомет.

Share