hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров ги направи мечот и победата над Ал Саад поедноставни

2145 WN-barcelona al-sadd-lazarov kiril-01-photo-uros hocevar-ihf

Барселона - Ал Саад 34:25 (17:12)

Иако не одигра како што многумина очекуваа, Барселона со победа ги започна натпреварите од Б групата на IHF Суперглоб турнирот во Доха. Против незгодната катарска екипа Ал Саад, Сигурдсон и Раул Ентрериос отворија со 2:0 за европјаните. Но во три минути Омахиќ и Сајед го свртија резултатот на 3:2. Кирил Лазаров, кој е најдобар поединец на Барселона во овој месец од подготовките и натпреварувањата, од седмерец израмни на 3:3.

2145 WN-barcelona al-sadd-karabatic nikola--01-photo-uros hocevar-ihf

Се играше гол за гол до 8:8 во 19 минута. Тогаш Барселона преку Карабатиќ и Лазаров побегна на 10:8, а во 26 минута по неколку одбрани на Даниел Шариќ, капитенот Виктор Томас за прв пат зголеми на +3. До одморот уште два гола на Лазаров, вкупно шест во првиот дел за 17:12 на полувреме. Резултатот дури и подобар од играта на шпанскиот првак, но Барса може да ве „растури„ и кога не игра најдобро. Томиќ и Банур добро го почнаа вториот дел за Ал Саад, а каталонците пак бавно „запалија„. Новодојдениот Гудјон Валур Сигурдсон со три лесни гола од контранапад во 43 минута, го прекрши резултатот (23:16). Подоцна беше невозможно катарците да се вратат.

2145 WN-barcelona al-sadd-sarmiento daniel-01-photo-uros hocevar-ihf

Иако Банур постигна три последователни гола, Барса одговори со два гола на Гурбиндо и првенецот на Рутенка (27:17). До крајот последните 12 минути беа чиста рутина. Шариќ се разбрани, Рутенка го заврши мечот со серија на голови до финалните 34:25. Данијел Шариќ имаше 13 одбрани, Лазаров ја понесе екипата кога беше најпотребно и постигна 6 гола. Исто како Лазаров погодуваше и Сигурдсон шест пати, а Гурбиндо пет пати ја погоди мрежата на противникот. Банур и Томиќ со по 5 гола беа најистакнати во поразениот Ал Саад. Делегат на IHF на мечот беше македонецот Драган Начевски. Во вториот меч од првото коло на Б групата, Есперанца од Тунис го совлада Сиднеј Университи со 29:20 (14:5). Утре во второто коло од 13 часот, светскиот првак Барселона игра против првакот на Австралија и Океанија, Сиднеј Университи.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share