hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Сорондо во Барселона до 2017 година

sorondo nov dogovor1

Францускиот интернационалец Седрик Сорондо го продолжи договорот со Барселона до јуни 2017 година, што е за уште две години од постоечкиот со каталонскиот клуб. Тој пристигна од Тулуз во Барселона во летото 2010 година и веќе освои 17 титули, меѓу кои и Лигата на шампионите и четири изданија на ASOBAL лигата.

Тој и данецот Јаспер Нодесбо ја делат минутажата на позицијата кружен напаѓач и веројатно така ќе остане и во иднина. Сорондо по потписот изјави дека е пресреќен што и понатаму ќе игра во еден од најголемите светски ракометни клубови.

Share