Лазаров се претплати за Суперкупот и стигна до 40 трофеј во кариерата

Со втората освоена титула во само 7-8 дена, Кирил Лазаров најави дека можеби токму оваа сезона ќе успее да ги освои сите седум титули со Барселона, кои не му успеаа минатата. Со ASOBAL Суперкуп трофејот, Лазаров четврта година по ред се радува на овој трофеј во шпанскиот ракомет, а со овој трофеј дојде до 40 одличје во кариерата.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Освојувач на IHF Супер глоб:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 1 со Барселона (Шпанија))
Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)
Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)




