Барса со нов добар тест, Лазаров пак најдобар

Пријателски меч
Тулуз - Барселона 32:35 (14:18)
Како и минатата сезона, ракометарите на Барселона во подготовка за новата сезона играа тест меч со францускиот првологаш Тулуз, кој оваа година прослави половина век од своето постоење. Лазаров и другарите како подготвителен тест за ASOBAL Суперкупот со Грањолерс в недела, славеа со на теренот на французите. Со целиот потенцијал Пасквал и неговите пулени многу сериозно влегоа во мечот и цело прво полувреме контунирано водеа. Раул Ентрериос и Кирил Лазаров го отворија мечот со 2:4 во 6 и 6:11 во 14 минута.
Гонзало на голот беше се подобар, Нодесбо и Томас исто така се запишаа меѓу стрелците, но Лазаров беше првата „виолина„ и постигна пет гола до крајот на првиот дел. Така на одмор Барса замина со 14:18. Французините предводени од репрезентативецот, Порт и ветеранот Фернандез кој играше против својата бивша екипа се доближија до 23:27 во 45 минута. Во игра со не баш најдобри одбрани, Жвижеј го доближи домаќинот до 30:31. Но Лазаров и Сигурдсон го запечатија натпреварот со финални 32:35. Барса и посебно Лазаров делуваат подготвено за ASOBAL Суперкупот, а тестот од Тулуз како и минатата година многу корисен за момците на Пасквал.
Тулуз:
Пардин, Шел 2, Жилберт, Илиќ 5, Жвижеј 5, Порт 8, Осмајиќ, Перез 1, Жером Фернандез 4, Павад, Думулин, Анџелковиќ 3, Моренси 2, Калвел 1, Бунилари 1
Барселона:
Гонзало, Шариќ, Нодесбо 1, Томас 1, Ентрериос 2, Рутенка 4, Сорондо 4, Сармиенто, Арињо 2, Гурбиндо 4, Сигурдсон 4, Виран Морос, Карабатиќ 5, Саубич 1, Жалуз, Лазаров 7




