hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Каталонскиот Суперкуп е трофеј број 39 за Кирил Лазаров

39pehar2

Триумфот во каталонскиот Суперкуп е ново искуство за Кирил Лазаров кој за прв пат играше финале и го освои ова натпреварување. Иако се работи само за турнир од четири екипи, сепак се вреднува со трофеј, а вечерашниот е 39 во кариерата на Кирил Лазаров, прв од веруваме долгата листа на трофеи и оваа сезона.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на IHF Супер глоб:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 1 со Барселона (Шпанија))

Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)

Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
3 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 1 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)

Share