Лазаров и Барса сезоната ја почнаа со трофеј

Барселона - Грањолерс 37:22 (21:14)
Ракометарите на Барселона за која настапува Кирил Лазаров по 26 пат го освоија каталонскиот Суперкуп и само 19 дена откако започнаа со тренинзи за новата сезона 2014/15, го освоија првит трофеј. Попладнево во каталонското место Љобрегат во прекрасен амбиент пред 800 гледачи, Барса го совлада Грањолерс како и во финалето на Купот на Кралот и ASOBAL Купот минатата сезона.
Само што сега беше уште полесно и уште поубедливо. Првакот сериозно му пристапи на средбата и по 10 минути поведе со 6:3. Реакцијата на Грањолерс ја донесе голманот ветеран Пејановиќ и со неколку интервенции го донесе својот тим до 8:5 во 15 минута. Се разиграа Сигурдсон и Рутенка и Барса дојде до 20 минута со 15:12 и многу добра реализација во нападот. Лазаров и Томас се придодадоа до хомогената игра на момците на Пасквал и на одмор Барса замина со високи +7. Нашиот ракометар беше посебно мотивиран и на почетокот на вториот дел кога со нови голови и првите и на крилото Саубич, Барса дојде до двоцифрена предност.
Потоа лесно се одвиваше мечот со егизибиција на фаворитот и победа која ја потврдува разликата во квалитет и во класи меѓу двете екипи. Во финишот и Сорондо и пак засилувањето од Кил, Валур Сигурдсон ја завршија приказната за убедливи 15 разлика и прв трофеј во сезоната за Барселона. Финалните 37:22 се опомена за Грањолерс, кој најверојатно ќе биде еден од противкандидатите и во АSOBAL лигата. Нашиот Кирил Лазаров со 6 гола како и во полуфиналето со Ла Рока ја потврди добрата форма и освои трофеј кој до сега го немаше во својата витрина.
Барселона:
Гонзало, Шариќ, Нодесбо, Томас 2, Ентрериос, Рутенка 3, Сорондо 4, Сармиенто 2, Арињо 5, Гурбиндо 1, Сигурдсон 6, Виран Морос 1, Карабатиќ 3, Саубич 1, Жалуз 2, Лазаров 6
Исклучувања: 2 минути
Грањолерс:
Пејановиќ, Пол Састре, Соле 1, Салва Пуиг 1, Грундштајн 3, Алваро Руис 5, Дел Арко 1, Адриа Перез 2, Бланшард 1, Марк Гарсија, Арнау Гарсија, Жорди Пуиг, Валадао, Адриа Фигерес 2, Гиљерме Толедо 6
Исклучувања: 4 минути
Судии: Арнеу Марин и Играсио Грација




