hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

На крајот на август ќе се решава каталонската Суперкуп титула

spanija superkup katalonija1

За разлика од минатата сезона кога не се одигра финалето на Суперкупот на Каталонија заради недостаток на термини, оваа сезона истата грешка нема да ја повторат челниците на каталонската федерација. Веднаш се одредени термините за полуфиналето и финалето на ова натпреварување, па на 22 и 23 август ќе падне одлуката за најуспешната каталонска екипа. Бордис, Ла Рока, Грањолерс и Барселона се учесниците во полуфиналето, чие што место на одигрување дополнително ќе биде одредено.

Во вторник на 22 јули во 18 часот ќе се изврши ждрепката во која Барса и Грањолерс нема да можат да се сретнат уште полуфиналето. Барселона е убедливо најуспешна екипа во ова натпреварување со 25 трофеи, од кои првата во сезоната 1981/82. Барселона и Грањолерс кои се најсериозни кандидати да играат во финалето, ќе се сретнат и во мечот за ASOBAL Суперкупот.

Share