hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Верификувана првата македонска пена на Барселона

pena barcelona strumica

На седницата на Управниот Одбор на ФК Барселона на синоќешниот состанок донесе неколку одлуки, меѓу кои се и акламациите за 10 нови пении. Меѓу нив и првата македонска пена на славната Барса со седиште во Струмица. Остварување на големиот проект кој веќе неколку месеци функционира во нашата земја, а сега е и официјално дел од големото семејство на каталонскиот клуб.

pena barcelona strumica 2

Претседателот не пениите низ светот, Антонио Фреире Орељана пред неколку недели беше на официјална посета на македонската пена и беше презадоволен од тоа што го виде. Од денес и официјално канцеларијата на пениата на Барселона во Македонија е со сите одобрени и поддржани проекти за следната сезона и активно ќе ги следи сите детали поврзани со големото спортско друштво. Од минатата година член на најголемиот спортски клуб во светот е и нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, кој заедно со фудбалерот Давид Бабунски ја репрезентираат нашата земја во големата Барса. Честитки за ентузијазмот и многу трофеи и заеднички радости во иднина.

Share