
Во пресрет на ждрепката за ракометниот мундијал во Катар, IHF ги објави шеширите по кои ќе се раководи во пресрет на распоредувањето на групите. Македонија е во третиот шешир заедно со Катар, Алжир и Русија и тоа се единствените три репрезентации со кои не може да се сретне. Пласман во осминафиналето обезбедуваат најдобрите четири од секоја од четирите групи, составени од шест репрезентации.
ШЕШИР 1: Шпанија, Франција, Данска, Хрватска
ШЕШИР 2: Полска, Шведска, Словенија, БиХ
ШЕШИР 3: Македонија, Русија, Катар, Алжир
ШЕШИР 4: Австрија, Аргентина, Белорусија, Чешка
ШЕШИР 5: Тунис, Египет, Бразил, Бахреин
ШЕШИР 6: Германија, Чиле, Обединети Арапски Емирати, Иран