hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Германија доби вајлд-карта за Катар на местото на Австралија

germanija_rakomet.jpg

Меѓународната ракометна федерација му додели вајлд карта на Германија на местото на претставникот на Океанија, репрезентацијата на Австралија. Одлуката кој ќе ја добие вајлд-картата е донесена врз база на резултатите од последниот мундијал во 2013 година, односно на тимот што е најдобро пласиран, но не успеал да обезбеди место на овој мундијал преку континенталните квалификации.

Германија не ја мина Полска во квалификациите и тоа беше голем удар за репрезентацијата од најсилната лига во светот. Сега со пласманот на светското првенство во Катар, селекцијата на Германија ќе има шанси да се бори и за Олимписките игри во Рио де Жанеиро, чии што единствен филтер е пласманот на овој мундијал и дополнителните квалификации кои ќе произлезат веднаш по првенството.

Share