
IHF потврди дека последен учесник на овогодинешниот Суперглоуб ќе биде катарскиот Ал-Ахли. Ракометна федерација на Катар имаше право да додели вајлд-карта на еден од домашните клубови и го одбра освојувач на Купот на Катар во сезоната која заврши Ал-Ахли. Оваа екипа ќе биде сместена во групата А, со Фленсбург, со бразилскиот Таубате и со шампоионот од неговата земја, Ел-Џаиш.
Во втората група носител е Барселона на Кирил Лазаров, домаќинот Ал-Сад од Доха, африканскиот првак Есперанса од Тунис и Сиднеј универзити од Австралија. Супер глоуб турнирот ќе се одржува од 7 до 17 септеври во новоизградениот Комплекс на Ракометната федерација на Катар, кој е најатрактивната меѓу супермодерните арени за СП 2015.