hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Од Атина црвено-жолтите многу поблиску до Катар

lazarov so grcija

Плеј-оф за СП - Катар 2015 година

Грција - Македонија 25:27 (12:13)

Во мирна атмосфера која и тоа како им годеше на македонските репрезентативци во Атина, започна првата половина од плеј-оф двомечот со нашиот јужен состав Грција. Борко Ристовски одбрани две топки, но Тео Евангелидис го постигна првиот гол на средбата. Миркуловски и Стоилов реплицираа со комбинација за израмнување во третата минута (1:1). Кирил Лазаров со скок-шут во шестата минута, за прв пат ја доведе Македонија во водство (2:3).

Манасков со контра како молња и завршница од зглоб, ја комплетираше серијата од 3:0 на Македонија за 2:4 во деветтата минута. Маранго ја прекина серијата од седум одбрани на Ристовски и намали на 4:5. К. Лазаров и Миркуловски со минијатура низ одбраната на Грција, одговорија со ефектен гол за 4:6. Во 17 минута Тато со елементи на прекршок во напад, ја врати Грција во егал (7:7). Избраниците на Обрван реагираа со два неодговорени гола и Манасков ја доведе Македонија во водство од 7:9. Домашните плави се вратија до 9:9, а Вугринец со првиот гол и Манасков ја вратија нашата предност во 24 минута (9:11). Пак следат технички грешки на нашите ракометари и Маранго израмнува на 11:11. Благодарение на десеттата одбрана на Ристовски и петтиот гол на Манасков со ефектен лоб, во 28 минута Македонија поведе со 11:13. Зампунис со звукот на сирената погодува за 12:13 на крајот од првиот дел.


Вториот дел започна со голот на Ојлески од одпадок по седмерецот кој го одбрана Георгијадис (12:14). Капитенот Лазаров од место погодува по трет пат во мечот за 13:15 во 34 минута. А веднаш потоа во свој стил од 10 метри го совлада Георгијадис за 15:17 во 36 минута. Алванос со два гола низ нашата лошо поставена одбрана израмнува на 17:17. Откако пет минути не постигнавме гол, Мастројанис за прв пат во вториот дел на Грција му донесе предност (18:17). Во конфузниот централен дел од второто полувреме, Кирил Лазаров погоди уште два пати за 20:20 на половина од вториот дел. Но Македонија никако не можеше да фати ритам и кога Малиос погоди за 22:20, нашиот селектор Ивица Обрван побара минута одмор. Ванчо Димовски и Гоце Георгиевски израмнија на 22:22 во 47 минута.

Со седмиот гол на Лазаров во 52 минута, Македонија го врати во водството (23:24). Во периодот на криз,а Филип Миркуловски со соло акција низ одбраната на противникот израмни на 25:25 во 57 минута. Филип Лазаров го погоди моментот за својот првенец за ново наше водство (26:25). Грците останаа без идеа во одлучувачката фаза, а Филип Лазаров со доза на среќа зголеми на +2, за финални 25:27. Во нашата репрезентација Борко Ристовски имаше 16 одбрани, капитенот Лазаров постигна 7 гола, Манасков додаде уште 5. Возвратниот меч кој ќе се игра в недела на 15 јуни во СЦ „Борис Трајковски„ ќе го верификува патникот на мундијалот кој до 15 јануари до 1 фебруари 2015 година ќе се одржи во катарскиот град Доха.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share