hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Кои се највлијателните луѓе во денешниот ракомет?

handball time

Во своето најново издание германскиот ракометен магазин „Handball time„ направи ранг листа на 100 највлијателни луѓе во светот на ракометот. Во иста категорија се прифесионални ракометари, оперативци во ракометните истанци, тренери, судии, луѓе кои работат во и околу ракометот.

Највлијателен е Михаел Видерер - генералниот секретар на ЕХФ. На второто место е претседателот на ЕХФ Жан, Брио, а трет Герд Буцек. На десетто место е шефот на европските судии и човекот кој ги делегира за сите натпревари на ЕХФ, Драган Начевски. Алфред Гисласон кој е тренер на Кил е на 16 место и најдобро котира од тренерите, а Ласло Наџи од Веспрем е на 18 место и највисоко е рангиран од активните ракометари. Претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски е на 23 место, а сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко е на 55 место. Тренерот на Металург, Лино Червар е на 76 место од листата.

Share