
На завршната пресконференција на ЕХФ во Келн беше обелоденет системот на натпреварување за сезоната 2015/16. Откако наредната година исто така ќе се игра како и до сега со 24 тима и завршен турнир на четирите најдобри, од сезоната 2015/16 ќе има промени.
Наместо 24 ќе играат 28 тима, поделени во 4 групи. Две од тие групи ќе имаат по 8, а две по 6 екипи. Така оние кои ќе играат во побројните групи ќе играат максимални 14, а останатите по 10 меча. Победниците од групите со по 8 екипи ќе го прескокнат наредниот филтер и фиректно ќе играат четвртфинале. Ќе следат две елиминациони фази од осминафинале и четвртфинале и на крај пак завршниот Final four.