
На полувремето од натпреварот кој одлучуваше за новиот првак на Шпанија во фудбал, на стадионот „Ноу Камп„ во Барселона 99.000 луѓе ги поздравија спортските секции на Барселона кои во претходните две недели ја збогатија клубската витрина со нови трофеи.
Така Лазаров и другарите во пресрет на домашниот меч со Хуеска го претставија трофејот од ASOBAL лигата, на хокеарите го славеа трофејот од Лигата на шампионите, а футсал секцијата го освои националниот Куп. Практично успешна сезона за поголем дел од спортските екипи на каталонскиот гигант со исклучок на фудбалерите и кошаркарите. Сезоната сеуште трае и некои од секции можат повторно да слават.