
Како шлаг на тортата по успешната сезона, звездите на Барселона веројатно ќе бидат главни протагонисти и во ревијалниот меч на звездите на ASOBAL лигата кој на 15 јуни во 13 часот ќе се одигра во Сиудад Реал. Имено по прекрасната идеа на шпанската ракометна федерација, започна гласањето за најдобрите ракометари на секоја позиција поделени во категориите шпански и странски ракометари во најсилната шпанска лига.
Ако Лазаров биде избран тоа ќе биде враќање за него во „Кихоте арената„ каде настапуваше во дресот на Сиудад Реал и освои неколку позначајни домашни трофеи од ASOBAL Купот, Купот на Кралот и ASOBAL Суперкупот.
Гласајте за тимот на звездите ТУКА: