
Последната овосезонска ждрепка за полуфиналето ќе се одржи во вторник на 29 април од 12 часот во Келн. А скоро во исто време во Берлин ќе се изврши ждрепката за полуфиналето на ЕХФ Купот во Берлин. Во двата купа нема да има повластени тимови и можно е да се сретнат секој со секого.
Исто така може да играат екипи од иста земја. ЕХФ денес обелодени дека нема да ги менува термините и сатницата за Final four во Келн на 31 мај и 1 јуни. Како и минатата година полуфиналните мечеви ќе се играат на 15:15 и 18 часот, в сабота на 31 мај. Наредниот ден мечевите за третото и првото место се играат исто така во 15:15 и 18 часот.