Традицијата со Рајн Ловен Некер, комплетно израмнета

Неделниот меч во Манхајм помеѓу Рајн Ловен Некер и Барселона ќе биде четврт меѓусебен дуел. До сега максимална изедначеност со по една победа на двете екипи и еден нерешен резултат. Во сезоната 2010/11 германците славеа во „Палау Блауграна„ со 30:31, во меч од првата групна фаза. На реваншот беше нерешено 38:38, откако домашните имаа 18:10 на полувреме. Подоцна двете екипи ја минаа групната фаза.
Најбитниот меч двете екипи го одиграа на Final four турнирот во Келн во мај истата таа 2011 година. Барса славеше со 30:28, а подоцна го совлада во финалето Сиудад Реал, а Ловен Некер го освои третото место со победата над Киелце. Барса на Кирил Лазаров има лоша традиција на натпреварите во Германија. Од 24 одиграни мечеви во европските купови, каталонците имаат 4 победи, 2 нерешени резултати и дури 18 порази. Но кога се во прашање големите елиминациони мечеви и Барселона и Лазаров умееле со тимовите од Бундеслигата. Оваа сезона во Доха во меч за светската титула Барса го совлада Хамбург, а минатата во дресот на Атлетико Мадрид, Лазаров го „потопи„ Фуксе Берлин со гол во последните секунди. Исто така Барса умеела да го елиминира Кил во четвртфиналето, а и со Магдебург во сезоната 2005/06 славеше во двата натпревари.




