
Меѓународната Ракометната федерација ИХФ, објави дека ждрепката за групите на Светското првенство во Катар 2015 година, ќе се одржи во главниот град на оваа земја, Доха на 20 јуни. 24 најдобри репрезентации на светот, ќе се борат за светската круна, овој пат во поинаков амбиент, во лето и со четири групи од прелиминарната фаза кои ќе се одиграат во Доха во радиус од осум километри. Македонија во јуни го игра бараж мечот со Грција за пласман во Катар. Сигурно место на мундијалот имаат:
- Катар (домаќин и шампион на Азија)
- Шпанија (актуелен светски шампион)
- Франција (европски шампион)
- Алжир (африкански шампион)
- Претсавници од Европа: Данска, Хрватска
- Африка: Тунис
- Азија: Бахреин, Иран, Обединетите Арапски Емирати