
По одигрувањето на сите осум возвратни мечеви од осминафиналето на Лигата на шампионите се знаат четвртфиналистите и потенцијалните противници на Барселона на Кирил Лазаров. Со оглед на тоа што каталонците се носители не можат да се сретнат со останатите повластени тимови во ждрепката во вторник во Виена.
Така со Кил, Вардар и Веспрем, екипата на Пасквал не може да играат пред евентуалниот пласман на Final four во Келн. Противникот на шпанскиот старо-нов шампион ќе произлезе меѓу двата германски тима Флензбург или Рајн Ловен Некер и меѓу двата тима со кои играат во групната фаза ПСЖ и Металург. Првата средба Лазаров и другарите ќе ја играат во гости меѓу 16 и 20 април, а возвратната во „Палау Блауграна„ меѓу 23 и 27 април.