
Со победата на Натурхаус Ла Роха во Хихон, за едно коло е поместена математичката потврда на новата ASOBAL титула на Барселона. Имено тимот од Логроњо славеше со 26:27 над Хуанферса и остана теоретски во борба за првото место. Затоа откако ќе го дознаат својот противник за четвртфиналето на Лигата на шампионите и ќе се вратат од стожерите на своите репрезентации, ракометарите на Барселона ќе слават.
В петок на 11 април против Арагон во „Палау Блауграна„ Лазаров и другарите ако победат ќе освојат уште една титула шпански првак, а по освоениот ASOBAL Суперкуп и ASOBAL Куп, како и мундијалот за клубови, тоа ќе биде четврта титула за каталонците оваа сезона.