По победата во Данска ракометарите на Барселона веднаш отпатуваа во Шпанија, но во Виго каде го подготвуваат наредниот натпревар од ASOBAL лигата против Фригорификос Моразо утревечер. Победата од 7 разлика над Алборг ги зајакна насмевките на лицата на Лазаров и другарите.
Така Сорондо и Хуанин Гарсија се шегуваа на денешниот тренинг, а сето тоа до јавноста го пренесе капитенот Виктор Томас преку неговиот youtube канал. Победите носат желби за нови победи, а во таков амбиент, климата меѓу ракометарите не може да не биде идилична.