Од Данска тргнува патот на Барса за Келн

Стартот на елиминационите натпревари во Лигата на шампионите е нов сериозен испит за главниот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Барселона на Кирил Лазаров. Од гостувањето кај Алборг во Данска започнува нокаут системот, по кој екипата која најдобро ќе мине оваа пролет во шесте средби до трофејот во Келн, ќе го наследи Хамбург на тронот. Барселона по 20 пат ќе игра осминафинеле на најсилниот Куп, а до сега од 19 двомеча, дури 16 пати минала во четвртфиналето.
Во сите европски купови од 29 осминафинални надигрувања, најтрофејната европска екипа минала во четвртфиналето во 25 прилики. Кога последен пат била елиминирана тоа беше баш против данска екипа, пред три сезони против Копенхаген, тогаш во четвртфиналето. Во оваа фаза каталонците потклекнале против Гумерсбах во сезоната 1973/74, против Металопластика 1986/87 и против Веспрем 2003/04. Но против данскиот Архус, токму во осминафиналето Барса играше и мина во сезоната 1980/81 со победа и реми од 26:16 и 18:18. Пред две сезони против Силкеборг, тимот на Пасквал исто така без проблеми го прескокна осминафиналето со две победи 32:26 во Данска и 26:24 во „Палау Блауграна„ Но во Данска Барса знаела и да наиде на многу проблеми.
Од 11 гостувања во овој дел на Скандинавија, Барселона славела 5 пати, 3 пати било нерешено, а 3 пати победувале данските екипи. Против Алборг в недела е само првата половина од осминафиналето, се опорави Рутенка, ASOBAL титулата е многу блиску и недостига само олеснување на патот до Келн, каде на оваа Барса и на Лазаров и му е местото.




