hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Како каталонците се одмараат од ракомет

kuvari 1

Победата против Гвадалахара беше 19 од исто толку натпревари во ASOBAL лигата. В недела во Скопје против Металург, момците на Хавиер Пасквал ќе ја завршат првата групна фаза од Лигата на шампионите и како и во првенството целта е остварена. За да се одморат од ракометот и да го засилат тимскиот дух, кој и тоа како функционира, ракометарите на Барса добија необичен тест.

kuvari2

Сите професионалци се трансформираа во кувари и поделени во групи од по четворица, бираа најдобра група. Мораше да бидат умешни во кујна како што се со ракометната топка, бидејќи зготвената храна мораа самите да ја јадат. Лазаров во група со Нодесбо, Шариќ и Рутенка подготвуваа свој ручек, како и сите останати од непобедливата чета на Пасквал. Пред мечот со Металург, оригинален начин на големиот клуб како да ја сплоти групата пред клучните пролетни месеци.

Share