
28 годишниот французин Микаел Робин е нов голман на Барселона, која го ангажираше до крајот на сезоната, по повредата и оперативниот зафат врз Арпад Штербик. Робин е роден во Стразбур, настапувал за Селестат, Шамбери и Монпеље од каде што доаѓа во Каталонија.
Токму со оваа екипа во Франција освои две првенства, два купа, два лига купа и суперкупа на Франција. Неговата презентација ќе се случи вечерва во „Палау Блауграна„ во 19:45 часот по завршувањето на првенствениот меч со Гвадалахара.