На официјалната веб страна на Барселона, денес е претставено видеото кое во само 4 минути ја прикажува другата страна на големото дерби од 9 коло на групната фаза на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и ПСЖ.
Од подготовката за мечот, концентрацијата во соблекувалната, до ракометната атмосфера пред и во „Палау Блауграна„ Мечот со ПСЖ и играчки и спектакуларно е модел како треба да изгледааат мечевите од Лигата на шампионите за големиот каталонски гигант.