hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Штербик в понеделник ќе биде опериран

arpad sterbik 2

По блескавата победа над ПСЖ, наместо радост и задоволство по ракометната лекција која големата Барса му ја „сервираше„ на францускиот првак, лоша вест ги „погоди„ каталонците. Имено на почетокот на второто полувреме на предпоследниот меч од групната фаза на Лигата на шампионите, шпанскиот репрезентативен голман Арпад Штербик го повреди коленото и го напушти мечот, одстапувајќи му место на Даниел Шариќ.

Денес беше констатирано дека е повреден менискусот од десната нога на Штербик и дека мора да се оперира. В понеделник попладне горостасот на голот на Барселона ќе мора под нож, а процесот на рекуперација ќе почне веднаш по оперативниот зафат. Отсуството од терените се предвидува да биде околу два месеци, па Штербик ќе биде подготвен за завршните мечеви од Лигата на шампионите, ASOBAL лигата и Купот на шпанскиот Крал.

Share