hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лекција од Барса за богатиот ПСЖ

1609681 643319119047429 1303623647 n

Барселона - ПСЖ 38:28 (19:9)

На убедлив начин, Барселона го прегази богатиот француски првак ПСЖ и уште еднаш потврди дека ќе биде фаворит број еден за освојување на европската круна во првите јунски денови во Келн. Гостите од Париз први поведоа, па и Рутенка не го реализира првиот седмерец. Момците на Гарден продолжија во ист ритам и ги реализираа првите три напади, додека од третиот домашен, белорусинот погоди за Барса.

Уште во 4 минута по грубиот старт на Вори врз Ентрериос, хрватот беше исклучен, а Рутенка и Томас тоа го искористија со голови за 3:3. Од тој момент каталонците ја затворија одбраната и со лесни голови на Виктор Томас за само три минути направија серија 5:0 и при 8:3 по само 8 минути, Гарден побара минута одмор. Се разбрани Арпад Штербик, кој бранеше зицери и седмерци и не прими гол цели осум минути. Серијата на Барселона достигна 8:0, пред Игор Вори да ја прекине со гол од линијата од шест метри. Полека се смири „фестивалот„ на дрим-тимот на Пасквал, откако Рутенка не реализираше по втор пат казнен удар, а на спротивната страна Хонрубиа намали на 11:5. Во 21 минута данецот Јаспер Нодесбо заработи исклучување, но тоа не ги сопре домашните ракометари, кои играа во транс. Ентрериос погоди со многу доза на среќа, па Штербик го „прочита„ Мелиќ од седум метри. Целиот тим на Пасквал се разигра и Карабатиќ со два последователни гола во 25 минута донесе прва двоцифрена предност (17:7). Само Хансен со ефектен гол од десет метри успеа да ублажи до одморот (19:9). Генијалниот Штербик и дури 11 загубени топки на французите, беа клучниот фактор што првиот дел личеше на дуел на мачка и глушец во исполнетата „Палау Блауграна„

Вториот дел почна со седмерецот на Лазаров и интервенцијата на шпанецот Сиера. Вори и Нарцис со два врзани гола спушти до -8, пред капитенот Томас да го прекине малерот од седум метри и со својот седми гол да врати на комотни 10 разлика. Единствениот аларм кај каталонците се случи во 39 минута, кога Штербик се пожали на повреда во ногата и мораше да биде заменет со Даниел Шариќ. На средина од второто полувреме бројот на неизнудени грешки кај ПСЖ достигна загрижувачка бројка од 18 грешки, а Томас и Рутенка тоа го користеа (30:21). Вори беше единствениот кој не се предаваше, но разликата во квалитет беше очигледна. Хуанин Гарсија во 51 минута за прв пат погоди во мечот за 35:26, а на осум минути до крајот Пасквал го повлече Томас, кој со овации беше испратен од домашната публика.

Шариќ продолжи онаку каде што застана Штербик и заедно голманите на Барселона ги маѓепсаа скапите звезди на ПСЖ. До крајот скоро 40 гола во мрежата на францускиот првак и комотна осма победа на деветтиот европски натпревар за екипата на Кирил Лазаров. Виктор Томас со 10 гола беше убедливо прво име на средбата. Рутенка постигна 5, а Карабатиќ 4 гола. Кај ПСЖ, Мтима и Гарсија со по 5 гола беа најпозитивни. Печат за првото место во групата и порака за Металург и гостувањето во Македонија наредниот викенд.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share