Утре меч на моделите на Hummel во Барселона

Не само што мечот на Барселона на Кирил Лазаров против ПСЖ на Даниел Нарцис и Микел Хансен што е дерби на претпоследното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, туку е дуел и на најпознамтите модели на скандинавскиот ракометен бренд Hummel. Имено од поодамна овие тројца ракометари имаат договори со Hummel и скоро секогаш ги промовираат најновите производи.

Така и и на утрешниот меч во „Палау Блауграна„ тројцата ќе играат во најновиот модел на патиките на Hummel. На европското првенство во Данска, често тројцата играа еден против друг. Лазаров беше одличен, но Данска ја доби Македонија. А во финалето Нарцис и другарите го растурија тимот на Хансен. Покрај споменатите три звезди, Hummel во својот тим има потпишано договори и со Виктор Томас, Јоан Канељас, Роланд Миклер, Андерс Егерт, Иван Никчевиќ и други.




