
Дефанзивниот столб на Барселона, Виран Морос го продолжи договорот со Барселона до 2018 година и на обострано задоволство уште долго ќе го носи дресот на европскиот вицешампион. Виран Морос поникна во школата на Барса, но по заобиколен пат пак се врати во својот матичен клуб.
По успешната авантура во Сиудад Реал во сезоната 2011/12 пак се врати во Барселона и е незаменлив во одбранбените задачи. Тој до сега со каталонскиот гигант освои 9 титули, а практично уште толку донесе со себе од бившиот клуб. Со репрезентацијата на Шпанија стана светски првак и освои бронза на последното европско првенство.