
Брендот Барселона се грижи за секој детал и оваа како и претходните сезони националната каталонска телевизија TV3 ги има ексклузивните права за сите натпревари на Барселона во ASOBAL лигата и Лигата на шампионите.

Така вчера дел од ракометарите на првакот на Шпанија, конкретно Лазаров, Карабатиќ, Виктор Томас и Виран Морос учествуваа во снимање на филмски сет на каталонската телевизија од кој ќе произлезе видео спот, кој ќе се емитува пред секој натпревар на Барса во иднина.

Забавата и дружењето беа неизбежни, а откако снимениот материјал ќе мине низ монтажен процес, ќе биде подготвен за емитување во етер.
