hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Импресивни бројки во сезоната на Лазаров

kire vest 25 05

Со мали исклучоци Кирил Лазаров ги одигра сите официјални натпревари за Атлетико Мадрид во сезоната 2012/13. Играше во сите шест натпреварувања, освои два трофеи, играше уште две финалиња и беше прв клубски стрелец на Атлетико Мадрид во ASOBAL лигата и Лигата на шампионите. Лазаров пропушти само два натпревари во Лигата на шампионите и еден од домашната лига, што ја потврдува неговата добра физичка подготвеност. Импресивно е што одигра 53 од максималните 56 меча колку што одигра неговата екипа.

Лига на шампиони - 12 меча - 69 гола

ASOBAL лига - 29 меча - 157 гола

Куп на шпанскиот крал - 5 меча - 27 гола

ASOBAL КУП - 2 меча - 8 гола

ASOBAL Суперкуп - 1 меч - 4 гола

IHF Суперглоб - 4 меча - 28 гола

Вкупно - 53 меча - 293 гола - просек 5,52 гола по натпревар

Share