ФОТО: Шоу во соблекувалната на Атлетико

Победата над Натурхаус Ла Роха ги ослободи од сите можни притисоци и елиминацијата од Европа, ракометарите на Талант Душебаев. Како никогаш позаслужено беше освоен Купот на Кралот.

„Кралот живее во Мадрид и овој трофеј не смее да биде на друго место„ се шегуваа Лазаров и соиграчите по големата победа во финалето. Така како што започна оваа турболентна сезона за Атлетико Мадрид, така и завршува - со трофеј. Од Доха и светската титула против Кил, до освоениот Куп во Логроњо.

Професионално треба да се одработат останатите три средби од ASOBAL лигата и потоа следува одмор. Одмор барем од клубскиот ракомет, бидејќи во јуни се кова иднината на нашиот репрезентативен ракомет. Преку мечевите со Швајцарија во Цирих и Португалија во Скопје, ќе знаеме дали ќе патуваме на Европското првенство во Данска или не.









