hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Малото финале„ за Хрватска

cupic-croatia-olympics-2012

Трет пат во една година Хрватска успеа да освои бронза на големо натпреварување „Коцекестите„ се рехабилитираа од поразот од Данска доцна синоќа, па со одлично второ полувреме, славеа над Словенија со 31:25 во „малото финале" на светскиот шампионат што се одржува во Шпанија.

Со тоа, под Славко Голужа Хрватска стигна до трета бронза по ЕП 2012 во Србија и Олимписките Игри во Лондон„Малото финале", на кое што судии беа Македонците Начевски и Николов, беше решено на почетокот на второто полувреме, во кое што Хрватите целосно ги надиграа своите противници, посебно со серија на лесно голови по контри. Откако на одмор заминаа со +1, избраниците на Голужа во продолжението заиграа далеку поангажирано, лесно доаѓаа во ситуација за гол и ја наполнија мрежата на словенечкиот состав. Иван Чупиќ со шест погодоци беше најпрецизен кај „коцкестите", играчот на натпреварот Дувњак постигна четири гола. Нинчевиќ и Копљар застанаа на три погодоци кај „бронзената" селекција од ова светско првенство.

 

Share