Светскиот првак ја „предаде„ круната
Светскиот првак нема да може да ја брани титулата. Ракометарите на Франција загубија од Хрватска со 30:23 во последното четвртфинале. Избраниците на Онеста беа апсолутно надиграни од „коцкестите", кои одиграа фантастична одбрана, ги сопреа „експертите„ а во нападот блескаше Домагој Дувњак кој со девет гола беше незадржлив за Тиери Омејер.
Хрватите им се одмаздија на француските ракометари за неколкуте болни порази на последните големи натпреварувања, последното на Олимписките игри.Тие имаа водство во најголемиот тек од натпреварот и на крајот заслужено победија. Данска во првото полувреме од третото четвртфинале создадоа убедлива предност против Унгарија (18:11) и успеа да ја задржи до крај, доволно за да триумф на крајот од 28:26. Унгарците дојдоа на еден гол негатива во последната минута, но Данска, сепак преку Еегерт погоди за триумф и полуфинале.