ВИДЕО: Часар: „ Нема што да загубиме со Данска„
Новиот плејмејкер на францускиот ПСЖ, Габор Часар го анализираше четвртфиналниот меч со Данска, на кој неговата репрезентација нема што да загуби.
„И ако загубиме од силен противник како Данска, нашиот турнир е одличен. Мора да тргнеме со таа помисла дека против себе имаме многу квалитен тим, кој за да се победи не е ни малку лесно, па може и нашиот максимум нема да биде доволен. Не смееме да играме со Данска, како што денес играше Полска со нас. Јас играв во Данска во Виборг и знам како тие размислуваат и каков ракомет негуваат. Мислам дека начинот на кој се развива нашата форма треба да радува. Ме потсеќа овој турнир на олимпискиот, каде четрвтфиналниот натпревар е одлучувачки„ заврши Часар. Со перформансите на овој турнир, тој само ја потврди класата која го однесе во најбогатата ракометна екипа на стариот континент, француски ПСЖ.