hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Борис Дениќ: „Стретегијата многу зависи од клубовите„

denic boris-600x400

Селекторот на словенечката репрезентација Борис Дениќ е најбараното лице од нивните претставници на седмата сила и генерално од сите од просторите на бивша Југославија. Се обидовме да го испровоцираме да ни каже како функционира нивниот систем и дали навистина тие толку се издигнаа или се работи само за прашање на среќа и детали. „Вистината е дека ние во многу нешта зависиме од клубовите. Горење и Пивоварна Цеље играат во Лигата на шампионите и многу млади играчи имаат шанси за докажување. Исто така и во странските клубови имаме многу ракометари кои играат стандардно. Нема некоја голема тајна. Ние во 10 дена собир не можеме кој знае што да направиме. Клубовите се тие кои треба да бидат сервис на репрезентацијата. Колку што јас знам вие во Македонија имате два многу силни и организирани клуба во SEHA лигата. Имате јак состав и само прашање на среќа или несреќа е разликата меѓу успех или неуспех. Ние можеме колку што сакаме да зборуваме дека ние до овде дојдовме планирано, но вистината е дека ние се направивме да бидеме во ситуација за четвртфинале. А потоа ни се поклопија сите коцки и тоа е целата приказна„ беше до крај искрен Дениќ, кој само порача дека би сакал неговиот тим да игра како Кил, но се уште е рано за такви споредби.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share